Во извештајот на ЕК: Македонија од 2009 ги исполнува критериумите за старт на преговорите за членство
Европската Комисија сод 2009 година смета дека Македонија доволно ги исполнува политичките критериуми за влезот во ЕУ и препорачува отворање на преговорите.
Како што пренесува МИА, ова е една од главните поенти во прогрес-извештајот за Република Македонија, што Еврокомисијата официјално ќе го објави за два дена. Во новиот извештај за напредокот на Македонија се очекува да се најде само двапати и придавката „македонски“, како и барање да се воведе т.н. „медиумска култура“.
- Во недостаток на процес на преговори, главен форум за дискусија и мониторинг на реформите се телата формирани во рамки на Договорот за стабилизација и асоцијација, како и со Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), кој е воспоставен во 2012 година. ХЛАД-от придонесе за прогрес во повеќето приоритетни области. Остварениот прогрес во рамки на ХЛАД ќе ја постави земјата во добра положба кога ќе започнат преговорите. Како и да е, овој Пристапен дијалог не е и не може да биде замена за премин во отворање на пристапните преговори, се наведува во извештајот.
Во извештајот Ек ќе издвои простор и за политичката криза која следеше во Македонија по настаните од 24 декември. Па, така, во извештајот се наведува дека тоа „покажа длабока поделба меѓу политичките партии, влијаејќи на функционирањето на Парламентот и демонстрираше потреба за конструктивна политика во национален интерес“. Во однос на објаснувањето во извештајот на овие настани се наведува дека „за време на усвојувањето на буџетот за 2013 година, присилното отстранување на опозициските пратеници и на новинарите од парламентарната сала, резултираше со тоа најголемата опозициска група да го бојкотира Парламентот и да се закани со бојкот на локалните избори“.
- Генерално, земјата продолжува доволно да ги исполнува политичките критериуми. Локалните избори во март/април 2013 година беа оценети од страна на ОБСЕ/ОДИХР како професионални и ефикасно администрирани, истакнувајќи дека постои замаглување на дистинкцијата меѓу државата и партијата и препорачаа дополнителни измени на изборната легислатива. Земјата го заврши најголемиот дел од своите судски реформи меѓу 2004 и 2010 година. Понатамошен прогрес е направен годинава во областа на ефикасност на судството, а прогрес има и во воспоставување на сеопфатни податоци за анти-корупција спроведување на досегашната практика, што би требало и да се изгради во иднина, гласат пофалбите за Македонија во извештајот на ЕК.
ЕК наведува и дека земјата веќе достигна високо ниво на усогласеност во однос на тоа каде се наоѓа во процесот на пристапување.