Скопје ќе се претвори во регионален онколошки центар

Скопје има можност да биде регионален центар, бидејќи во неговиот радиус од само 200 километри има околу 10 милиони население. Во овој регион има само еден онколошки центар, а треба еден на милион жители, за операција на срце има само два, објаснува во интервју за Утрински весник, Уфук Ерен, член на Извршниот комитет на „Аџибадем хелткеар груп“ од Турција.

-Приватниот здравствен сектор е во пораст. Веројатно сме водечки на пазарот тука, за некои услуги сме и единствени. Сега нашата цел е да ги прошириме нашите услуги и да одиме колку што е можно во внатрешноста на земјата. На пример, бевме во Струга, сега сме во Охрид, и во други градови, каде што „Аџибадем – Систина“ спроведува акција со која илјадници граѓани добиваат бесплатни услуги и совети. Сакаме да им покажеме на луѓето дека здравствената заштита е достапна, дека квалитетните услуги за здравствена заштита се достапни, тие не се еден вид утопија. Луѓето доаѓаат и гледаат дека е тоа можно во нашата болница „Систина – Аџибадем“, каде што има квалитетен кадар и услуги. Перцепцијата за приватните здравствени услуги е дека тие се недостапни, скапи... но не е така, туку е спротивно. Зборував со повеќемина, луѓето се толку мотивирани, среќни и гледаат дека е достапно, вели Уфук Ерен за Утрински.

Ерен најавува дополнителна инвестиција во онкологијата.

-Кај онкологијата една од најважните работи е дијагнозата, што значи ин витро и ин виво. Ин витро подразбира лабораторија, треба да се земат примероци на крвта, да се направат анализи и да се даде дијагноза. Кај ин виво станува збор за снимање. Снимање со МР, КТ, итн. Едно од снимањата е молекуларното снимање. Ние инсталираме опрема и обуките се во тек и прв пат ќе понудиме ПЕТ– позитрон емисиона томографија, комплетен томографски систем што ќе биде единствен во Македонија, можеби и во регионот. Ова е многу битно за дијагностицирање на канцерогените заболувања, бидејќи се добиваат информации на ниво на клетка, дали станува збор за малигна клетка или за нормална. Ова е многу важно особено за рано дијагностицирање и за започнување соодветен третман. Втора важна работа по дијагностицирањето е третманот. Во онкологијата има три различни вида третмани, едниот е хемотерапијата, со лекови, вториот е хирургијата, и третиот е радиотерапијата. Хемотерапијата и хируршките зафати можат да се направат, но сега воспоставуваме и висока технологија со радиотерапија, радитерапевтски систем со кој ќе им помогнеме на луѓето да се лекуваат на овој начин. Заедно со молекуларното снимање и радиотерапијата ќе бидеме први во овој сегмент во регионот на којшто ќе ги третираме пациентите кои имаат канцер, вели Ерен, додавајќи дека нивната глаавна цел е од Скопје да направат регионален онколошки центар.

Целото интервју на Утрински весник

14.10.2013 - 09:59
Фото: 
Утрински

најчитано сега