Конференција за зајакнување на жените од руралните средини
„Национрални политики за зајакнување на жените од руралните средини“ е тема на денешната регионална конференција што ја организира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство UN Women-Телото на обединентите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените по повод меѓународниот ден на руралната жена.
Целта е да се зацврсти и прошири соработката меѓу ресорните министерства од регионот на Југоисточна Европа во областа на родовата еднаквост, но и да поттикне размена на искуства кои би помогнале во унапредување на националните политики и мерките за зајакнување на жените од руралните средини.
На конференцијата најавено е учество на заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, евроамбасадорот Аиво Орав, пратеници и претставници од министерствата за земјоделство од регинот.