Делчево: Со трактор се обиделе да шверцуваат цигари

Полициската станица Делчево пред неколку денови успеала да спречи шверц на цигари. На осми месецов околу 18 часот и 30 минути кај Куковица, 26-годишниот Д.А. и уште едно непознато лице кои управувале трактор, биле забележани од полициските службеници бидејќи со себе носеле неколку големи кутии.

Околу 21:30 часот истиот ден кај местото Орлево во атар на село Вирче забележано е непознато лице кое на наредба - „стој полиција“ се оглушило и се дало во бегство додека другото лице Д.А. било запрено и од разговорот со него е дознаено дека целта била да ги прошверцуваат цигарите. Во кутиите се пронајдени 285 штеки цигари (2.850 кутии по 19 цигари) со македонски контролни маркици. 

13.10.2013 - 13:47

најчитано сега