Ново место за скијање и забава - скијачки центар ќе никне на Јабланица

 

Јабланица ќе добие скијачки центар! Како што информираше градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски се работи за скијачки терен кој ќе се гради на местото Голина и жичница долга околу 3,5 километри за кои деновиве ќе биде распишан тендер.

- Документацијата е подготвена и деновиве ќе се распише тендер за изведувач. Најверојатно ќе биде странски изведувач и мислам дека се заинтересирани Австријци. Сето тоа ќе чини околу 250 илјади евра, појасни Угриноски за скијачкиот центар кој треба да никне на Јабланица.

Претставници од МЕПСО и експерти од Хирдрометеоролошкиот завод вршеле испитувања и поставиле мерни станици за да утврдат колку време се задржува снегот на врвот од Јабланица, каде што ќе се гради зимскиот центар.

- Поволност е што снегот на планината се задржува седум месеци. Паѓа во ноември, а се топи во мај и го има во големо количество. Кога ќе се изгради жичницата Охридското Езеро ќе се гледа како на дланка. Природата е многу убава, планината е питома, а до скијачките возила ќе може да се оди со автомобил, рече Угриноски.

Најверојатно во новиот скијачки ценатр ќе уживаме за една година.

13.10.2013 - 11:48
Фото: 
охридњуз

најчитано сега