Археолозите во Радовиш пронашле античкиот храм посветен на Зевс?

 

Заводот за заштита на спомениците и музеј - Штип ги заврши археолошките истражувања на локалитетот Тополничка река кај Радовиш, при што се пронајдени многу богати наоди.

Археолозите за време на истражувањето наишле на мошне значајни артефакти, меѓу кои и остатоци од антички храм со две простории и влез од источната страна, како и повеќе мермерни фигури, торза, камени икони и мермерни плочи со претстави на божества, околу 30 монети датирани од 4 век и градежни мермерни делови кои покажуваат дека се работи за храм  2 и 3 век од н.е. најверојатно на Асклепиј или Зевс.

„Тополничка река“ е евидентиран археолошки локалитет кој се наоѓа на левата страна од магистралниот пат Штип-Радовиш на растојание од околу еден километар од населбата Дамјан. Во близина на овој локалитет постојат повеќе регистрирани локалитети на археолошката карта на Македонија, како што се Канли Чаир од времето на неолитот, античкиот град Астрајон, како и доцноантичките локалитети: Марчово, Маденска река, Грамади.

13.10.2013 - 10:58
Фото: 
Дневник

најчитано сега