Решение за името па влез во НАТО - еве што разговараа Ахмети и Вершбау
Лидерот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денеска го посетил седиштето на НАТО во Брисел каде се сретнал со Заменик генералниот секретар на НАТО, Александер Вершбау и Помошник генералниот секретар на НАТО, Тери Стаматопулос.
Според информациите од ДУИ, соговорниците размениле мислења за евроатланските перспективи на МАкедонија. Вершбау нагласил дека вратата на НАТО за Македонија останува отворена, но за да се помине прагот, ќе треба да се реши спорот со името. НАТО ги охрабрува локалните авторитети во Македонија за да направат додатни напори кон постигнување на компромос за да се исполни ветувањето на НАТО од самитот во Букурешт од 2008 година.
Претседателот Ахмети и се заблагодарил на Алијансата за целовкупната досегашна ангажираност, нагласувајќи дека без НАТО, немаше да има ниту Охридски Договор ниту мир и стабилност во Македонија и регионот.
-Наша проценка е дека страните во спорот се блиску до решение и дека во овие одлучувачки моменти е потребно да се вклучи трета страна, со нагласена улога на НАТО, во олеснувањето на дијалогот кон постигнување на комромисот, истакнал Ахмети.
Вершбау ја нагласил можноста Советот на НАТО да ја посети Македонија и да ја нагласи потребата од преземање на одлуки од страна на локалните авторитети за да се помине прагот на отворената врата на НАТО. Ахмети ја охрабрил и ја поздравил најавената посета на СОветот на НАТО, која, како што вели тој, го потврдува фактот дека Македонија останува во сферата на интересите на НАТО.
-Претседателот Ахмети нагласи дека за нас, НАТО е идеал и дека нема ниту една друга алтернатива за иднината на Македонија, но и на регионот затоа што на тој начин се зајакнуваат и меѓуетничките односи, меѓусоседските односи како и се создаваат услови за економски развој. Вершбау ги поздрави овие стратешки определби на Ахмети и го нагласи убедувањето дека местото на Македонија е во НАТО, соопштуваат од ДУИ.