Седници на три собраниски комисии

 

Во македонското Собрание денеска ќе заседаваат т комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за здравство, како и Законодавно-правната комисија.

НА дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-законот за изменување на Законот за судовите, во второ читање, како и предлог-законите за прекршоци и за правда на децата, во второ читање, се на дневниот ред на Комисијата за политички систем и однси меѓу заедниците.

Законодавно-правната комисија ќе расправа по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор, на Законот за управување со отпадот, на Законот за странци и на Законот за научно-истражувачка дејност, сите во второ читање. На агендата, меѓу другите, се и предлог-законите за прекршоци, Законот за спортот и на Законот за трговија.

Комисијата за здравство на денешната седница ќе го разгледуваат Предлог-зкаонот за изменување и дополнвуање на Законот за лековите и медицинските помагала, во второ читање.

10.10.2013 - 08:41

најчитано сега