Ристовски очекува да се надмине проблемот со парното греење на УКИМ

Денеска македонскиот министер за образование и наука, Спиро Ристовски, истакна дека очекува да биде надминат проблемот со парно греење на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

За проблемот кон настана откако снабдувањето со топлинска енергија го презеде „Балкан енерџи груп“ , Ристовски одговарајќи на новинарско прашање не сакаше да потенцира колкава сума побарал новиот стопанисувач.

- Минатата година се изврши промена на сопственоста на фирмите кои стопанисуваат со топлификациската мрежа, така што сега се прават некои корекции, односно потврдувања на долговите кои се однесуваат на новата компанија и кои биле од претходната компанија, и очекуваме овие ден-два да ги расчистиме  тие состојби, рече Ристовски.

09.10.2013 - 14:57
Фото: 
Фактор.мк

најчитано сега