Ќе никне ново игралиште во Чешиново

Започна изградбата на повекенаменско игралиште во Чешиново. Се работи за проект на Владата и Агенцијата за млади и спорт.

- Повеќенаменското игралиште ќе се протега на површина од 1.056 метри квадратни и ќе служи за мал фудбал, кошарка и ракомет. Вкупната вредност изнесува седум милиони денари, истакна градоначалникот на општина Чешиново - Облешево, Костадин Личков.

Инау, во Облешево се гради и улица, а проектот е вреден 1.151.250,00 денари  од кои 804,642 денари се од Бирото за регионален развоја и Министерството за локална самоураправа, а 346.608 денари од буџетот на Чешиново- Облешево.

08.10.2013 - 14:08
Фото: 
Утрински

најчитано сега