Во сообраќајка загина италијанскиот актер Џулијано Џема

 

Великанот на шпагети вестерн филмовите, Џулијано Џема, починал пред два дена по сообраќајка во Рим.

Според италијанските медиуми, тој, по несреќата веднаш бил пренесен во болница, но за жал, подлегнал на повредите.

Џема е роден во септември 1938 година, а филмската кариера ја започнал на 18 години како каскадер. Глумеше во повеќе од 100 филмови, ТВ серии, во комедии, вестерн филмови, историски спектакли, како и во авантуристички филмови. Тој имаше 75 години, но, изгледаше далеку помлад. 

05.10.2013 - 11:16

најчитано сега