За малку трагедија во Ѓорче: Му го спасуваа животот на голман на Вардар
Вчера за малку ќе беше црн ден за македонскиот фудбал. Ќе настрадаше голман на Вардар во пионерска конкуренција, објави порталот СПОРТ МЕДИА.
-Многу среќа и присебност на присутните беа доволни да се спаси живото на Кристијан Китановски и тоа на мечот од пионерската лига меѓу домашните Њу Старс и Вардар. Имено во многу груб натпревар, во кое предначеле домашните и со лошо судење на Дејан Младеновски, во еден судир до домашен играч голманот на Вардар паднал во безсознание, пишува порталот.
СПОРТ МЕДИА пишува дека голманот загубил свест и речиси бил мртов.
-За среќа тука се нашол лекарот на домашните кој имал апаратче за вадење на јазикот и тоа го спасило младиот Китановски, инаку ќе се случило трагедија, пишува порталот.
01.04.2019 - 10:11
Фото:
Спорт Медиа
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа