Јохан: Соња е добро - станува збор за несреќен случај

Денеска Јохан Тарчуловски за НОВА изјави дека неговата сопруга која завчера доживеа несреќа кога падна од тераса, е добро и дека се работело за несреќен случај.

-Мојата сопруга е добро, ја посетивме со децата. Две ноќи бдеев во болница, не излегов воопшто од болница, само на кратко се вратив дома и дали отспав само еден час. Се работи за несреќен случај., изјави Тарчуловски за НОВА.

Инаку, при падот Соња се здобила со скршеници на ребрата, повреда на кичмата во долниот дел и скршеници на едното рамо. 

Сите детали за несреќата ќе бидат соопштени утре.

 

22.09.2013 - 15:37
Фото: 
А1.он

најчитано сега