Скопје: Краделе велосипеди а со парите си купувале дрога

Две лица од Скопје си заработија кривична пријава бидејќи краделе велосипеди, а со парите купувале дрога.

Како што соопштува МВР, се работи за 19-годишниот A.З. и 25-годишниот  A.Б. кои крадејќи велосипеди се стекнале со 164.300 денари.

Тешките кражби двајцата пријавени ги вршеле на повеќе локации меѓу кои Карпош, Центар и Чаир. Тие со употреба на погоден алат  украле велосипеди кои сопствениците ги имале врзано со сајла за гелендерите во зградите а во еден случај со кршење на катанец од подрум, со прекачување на балкон и со кршење на катанец од гаража. Кражбите ги извршувале во различен период од денот, а украдените велосипеди ги продавале на дивите пазари Под Кале и во Шуто Оризари на случајни минувачи за многу пониски цени од реалните додека добиените пари ги трошеле за купување на опојни  дроги и алкохол.

22.09.2013 - 12:15
Фото: 
Денешен

најчитано сега