Министерот Ивановски на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Њујорк
Македоснкиот министер за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, учествуваше на Осмиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој во Њујорк.
МИОА соопшти дека Ивановски во своето обраќање на вчерашниот состанок, ја отворил и темата за високите цени на роаминг-услугите кои ги плаќаат македонските граѓани.Воедно, Ивановски апелирал до потпретседателот на Европската комисија Нели Крос, која исто така учествуваше на состанокот во Њујорк, да ја поддржи иницијативата што Македонија ја започна со Србија и Црна Гора. Тој побарал и побрзо да се направат неопходните измени на регулативата во Брисел за да можат граѓаните на Република Македонија да плаќаат исти услуги како и граѓаните на земјите-членки на ЕУ.
- Ова ќе овозможи руралните микропретприемачи да им нудат услуги за земјоделците во руралните заедници со користење на компјутерски уреди. Тоа ќе обезбеди три клучни придобивки за земјоделците - намалување на трошоците преку поефективна употреба на ѓубрива, намалување на влијанието на хемикалиите врз животната средина и подобрување на приносите и обезбедување на поголем приход, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.