СТЕНКОВЕЦ: Пилотот бил аматер- тројца се во болница

 

Три лица од кои двајца израелски и еден германски државјанин се во клиничката болница Систина откако се стекнаа со повреди при падот на авионот од типот Цесна 173.

Несреќата се случила околу 15:55 минути на спортскиот аеродорм Стенковец. 

- Околу 15 часот и 55 минути, во текот на денешниот ден, при слетување на авионот „Цесна 172“, со израелска посада, се случи инцидент на спортскиот аеродром Стенковец. При слетувањето, авионот е сериозно оштетен. За среќа, лицата немаат сериозни повреди и на нивно барање се однесени во болницата „Систина“.  Причините за несреќата засега се непознати- вели директорот на спортскиот аеродорон Дејан Саздовски во изјава за Нова Македонија.

 

21.09.2013 - 18:58
Фото: 
Дневник

најчитано сега