Цели арихиви документи за македонски новинари најдени кај осомничените во Шпион
Цели архиви со податоци за новинари се пронајдени кај осомничените во аферата Шпион. Пресс24 од извори во истрагата дознава дека новинарите од речиси сите медиуми биле интересни за групата која главно продавала државни тајни на странски служби но им се заканувала и на видни личности во земајав со доверливи информации до кои тие дошле. Новинарите биле класифицирани во две групи- блиски до опозицијата и блиски до власта а потоа поделени според медиумот во кој работат. Нашите извори велат дека до податоците по се изгледа не е дојдено со следењетуку тие се внимателно прибирани и аналитички обработувани информации, јавни афери и озборувања за одредени новинари. Според содржината, не наликувале на досиеа за уцена, слични на оние креирани за познатите бизнисмени, туку на збирки информации кои би им овозможиле подобро познавање на медиумите и полесен пристап до нив во случај на потреба. Таканаречените шпиони сакале да знаат кој со кого соработува или приватно контактира, во каква меѓиусебна релација се некои новинари, кој има поголемо а кој помало влијание во медиумот во кој работи.. Овие архиви се влезени во процесот на истрага но засега не се основ за дополнување на кривичната одговорност на осомничените.
Во меѓувреме полицијата на барање на судот распиша меѓународна потерница за тројцата осомничени за кои беше одредена мерка притвор во отсуство. меѓу нив е и новинарот Зоран Божиновски кој преку социјални мрежи порача дека нема сам да се предаде туку ќе чека да биде уапсен и екстрадиран од земјата во која престојува.