Јанкулоскa го тужи Шилегов за клевета
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска го обвини портпаролот на СДСМ Петре Шилегов дека не ја кажува вистината кога вели дека купила станови од 200 квадрати и наведува дека ниту законски ниту незаконски не заработила 200 000 евра за пет години.
- Сите надлежни институции го потврдија тоа. Немам купено станови од 214 квадратни метри. Имотниот лист го докажува тоа. Не е точно дека немам подигнато долгорочен кредит. Договорот со Шпаркасе банка го потврдува тоа. Државната комисија за спречување на корупција го потврди тоа. Петре Шилегов лаже, се наведува во реакцијата на прес-конференцијата на Шилегов.
- На тужениот за клевета Петре Шилегов, истите ќе му бидат презентирани во текот на судскиот процес, посочува Јанкулоска.
21.09.2013 - 15:38