Со фалсификувани документи земала инвалидска пензија од фондот на ПИОМ
Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 59-годишната Н.Р. поради постоење основано сомнение дека сторила кривични дела – „фалсификување исправа“.
Пријавената со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе, односно стекнување на право на инвалидска пензија, во септември 2007 година до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување доставила барање за остварување право на пензија во прилог на кое доставила фалсификувана медицинска документација на нејзино име.
Во периодот од февруари 2008 година до февруари 2013 година пријавената, според МВР, врз основа на исплатените пензии се стекнала со противправна имотна корист во вкупен износ од 529.732 денари, сума за која го оштетила Фондот за ПИОМ.
21.09.2013 - 14:46
Фото:
Новамакедонија