Турција се надева дека ќе го доби ЕУРО 2024

 

Претседателот на Турскиот фудбалски сојуз Јилдирим Демирорен изрази надеж дека УЕФА ќе и ја додели организацијата на Европското првенство во 2024 година.

Главен противкандидат за добивање на ЕУРО 2024 на Турците им е Германија.

- Во Турција се изградени многу модерни стадиони, за разлика од стадионите во Германија кои се стари и „истрошени“.  Со право се надеваме дека ќе ја добиеме организацијата, вели првиот човек на турскиот фудбал.

Досега Турција не била домаќин на ЕП, а во случај да го добие би се играло на 10 стадиони во девет градови.

УЕФА одлуката ќе ја донесе за состанокот во Нион закажан за 27 септември.

 

 

 

19.09.2018-13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега