Над 50 лица завршија со лисици на раце во новиот "Диригент"
Над 50 лица се приведени во новото продолжение на акцијата Диригент, кое денеска се спроведе во повеќе градови во Македонија и Германија. 37 лица од кои 19 македонски државјани се уапсени во Германија, а шестнаесетмина во Република Македонија.
Полициите на двете држави ги сомничат за нелегална трговија со дрога и перење пари. Шестмина од приведените во земјава биле директно поврзани со трговија со дрога, а десетмина учествувале во процесот на перење на парите добиени од продажбата на наркотични средства. Полицијата успеала да приведе 12 лица, еден е веќе во затвор, а по тројца сеуште се трага.
Во моментов сеуште течат претреси во домовите и фирмите на осомничените. Не се знае колку точно пари поминале низ нивни раце, ниту пак колку дрога тие продале. Познато е дека главно се занимавале со продажба на хероин.
Од 2009 до сега се приведени околу 450 лица во рамки на акцијата диригент, од кои 60 се македоснки државјани. Членовите на франкфуртската мафија приведени во денешната акција се од Штип, Свети Николе, Битола, Скопје, Струга, Велес и Куманово.