ВМРО-ДПМНЕ: Наместо проекти за младите, СДСМ спроведува партиски вработувања

Најголеми жртви на штетните и антидржавни политики на СДСМ се токму младите, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Костадин Костадинов.

Како што наведуваат оттаму, младите од оваа власт за повеќе од година дена колку што СДСМ е на власт виделе единствено уназадување.


„СДСМ не оствари ниту едно ветување кон младите, а дополнително им ги ускратија и оние бенефиции за младите кои никогаш не ги ветија. Наместо проекти за младите, СДСМ спроведува партиски вработувања, ја преполнува јавната администрација со нови 6 илјади партиски послушници, а товарот за овие вработување ќе падне на грбот на граѓаните. Младите се погодени и од катастрофалната состојба во образованието, а особено поразителен е фактот што ниту еден македонски универзитет не се најде во најдобрите илјада универзитет според Шангајската листа“, стои во партиското соопштение.

Притоа, од опозициската партија потенцираат дека нема иднина без квалитетно образование и нема напредок со универзитети исклучени од оваа листа.

„Македонија доживува порази на секое поле, а главен виновник за ваквата состојба е владата на СДСМ и Зоран Заев. Патот кон ЕУ и НАТО единствено е блокиран од клептоманството на актуелната власт, од коруптивните скандали, криминалните тендери и грантови. Напредокот на државата е блокиран од партиските вработувања и користењето на буџетската сметка за исплата на партиските послушници“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

20.08.2018 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега