Костадинов: Да се биде дел од ЕУ значи зголемување на вработувањата во Македонија

 

Со македонско-грчкиот договор пред нас се отвора патот за полноправно членство во ЕУ и НАТО, со признаен македонски идентитет, а членството во ЕУ за Македонија носи подобар животен стандард, повеќе пари, поголеми фондови, инвестиции, вработувања, екононски раст и развој, вели Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ.

„Да се биде дел од ЕУ значи повеќе можности и зголемување на вработувањата во Македонија, за отворање на нови и подобро платени работни места. Во соседна Бугарија на пример, невработеноста падна за 6,2% во 2017 година. Такви примери има многу за земјите коишто станале членки на Унијата“, додава Костадинов на прес конференцијата.

 

 

 

19.08.2018 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега