ВМРО-ДПМНЕ: Додека Царовска се фали, Тевдовски незаконски вработува 6.000 партиски војници

Единствените кои се вработуваат се партиските војници на власта, притоа рушејќи ги сите креитериуми и мерит системот.

Додека Царовска се фали на прес конференции, нејзиниот колега Тевдовски прави незаконски вработувања на 6.000 партиски војници. Повторуваме 6.000 партиски војници кои ќе бидат на државна сметка. Има еден критериум, а тоа е да се има членска книшка на СДСМ. Масовна корупција во очи на референдумот.

И додека ова се случува владата молчи, но и сите други субјекти на јавноста под контрола на власта. Скандал од невидени размери. И притоа мора да има кривична одговорност и за министерот за финансии, бидејќи дал согласност за вработувања, а истите не се предвидени согласно годишните планови.

Што се однесува до младите тие се оставени на цедило од Владата и на работ на егзистенција. Со образование кое е на дното, со систем корумпиран во невидени размери младите единствениот спас го наоѓаат надвор од оваа земја. Затоа СДСМ мора да одговара.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

19.08.2018 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега