ДУИ со апел до дијаспората: Искористете го правото на глас на референдумот

Демократската унија за интеграција апелира до дијаспората од нашата земја да го искористи правото на глас, регистрирајќи се да стане дел на изградбата на заедничкиот сон за целосно интегрирана Македонија во НАТО и Европската унија.

Имајќи предвид дека голем број печалбари деновиве се наоѓаат во земјата, би сакале да ве известиме дека правото на регистрација може да го реализираат и електронски на веб-страницата на Државната изборна комисија до 23 август: https://dijaspora.sec.mk /Default.aspx.

Исто така, ги покануваме сите оние кои нема да се пријават да гласаат во дијаспора, да дојдат и да го остварат своето право на глас во Македонија на 30-ти септември.

Демократска унија за интеграција

 

 

 

19.08.2018 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега