ВМРО-ДПМНЕ: Стерилните соопштенија на СДСМ нема да го дефокусираат штетниот договор со Грција

СДСМ сака да ја дефокусира јавноста од штетниот договор кој Зоран Заев и го донесе на Македонија. И тоа не може да го покрие ниту едно од стерилните соопштенија на СДСМ кои продолжуваат да се пуштаат секое утро од Центарот на СДСМ. Преку овие соопштенија нема да се прикријат лагите и криминалите на Заев и СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Низата од скандали на злоупотреба на службени возила од страна на оваа криминална власт нема да ги прикријат од народот. Криминални тендери, злоупотреби и хедонизам се синоним за оваа власт. СДСМ Република Македонија не ја носи во ЕУ и НАТО, туку на македонските граѓани донесе штетен договор со кој ги продадоа националните и државните интереси, стои во реакцијата и се додава:

„Единствената пречка за напредок на Република Македонија е Зоран Заев. Сите прекршувања на Уставот, законот, и за сите злоупотреби на власта ќе одговараат и понесат одговорност. Зоран Заев мора да си замине. Народот и Република Македонија ќе победи“.

 

 

 

17.08.2018 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега