СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат јасен став за клучните прашања за државата

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште намаат јасен став за клучните прашања од најголем национален интерес за државата и граѓаните. Тоа го покажува несериозниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и кон државата. Паѓаат во вода децениските лаги на ВМРО-ДПМНЕ кога зборуваше за референдум и право на граѓаните да го кажат последниот збор за правецот по кој ќе се движи земјата, и тоа во секоја програма, во секој јавен настап#, соопштуваат од СДСМ.

Сега кога референдумот е извесен и ќе се случи, кога е обезбедено членството во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ немаат став.

Оттаму обвинуваат дека за најважните прашања за иднината на Македонија само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат соопштено за што се. Или се за светла иднина, напредок, членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет или се за небиднина, назадување, изолација. Ако се за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ треба да ги повикаат членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина, велат од СДСМ и додаваат:.

„Во спротивно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе покажат дека лажеле цела деценија и дека всушност се само за одбрана на криминалот, за изолација, назадување и неизвесност.
Граѓаните се цврсто определени, тие се за светла иднина, за членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет.

На референдумот на 30 септември, граѓаните сплотени и обединети околу иднината на државата, ќе дадат поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО со зачуван и признаен македонски идентитет од целиот свет“, стои во соопштението на СДСМ.

ДА за македонската иднина!“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

17.08.2018 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега