ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов потроши 10 месеци од својот мандат, а за Скопје и скопјани не направи ништо

Неспособноста на Шилегов да се справи со кучињата скитници не може да се оправда ни со милион изјави, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Од партијата додаваат, Шилегов потроши 10 месеци од својот мандат, а за Скопје и скопјани не направи ништо, ниту еден проект не е почнат, ниту едно решение не е изнајдено, се што гледаме се само бледи изговори.


„Единствено што се гради, е новата викендица на Шилегов, додека проблемите на скопјани се дуплираат. Скопје во време на Шилегов стана град преплавен од кучиња скитници и тоа е факт кој граѓаните секојдневно го гледаат. Градот не може да се справи ниту со комарци, а не пак да направи капитални проекти. Никаде ги нема ниту двете нови средни училишта што ги ветуваше Шилегов“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Градската власт, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, мака мачи при извршување на основни работи како што се редовно прскање против комарци и третирање и стационирање на кучиња, кои поради тоа што не се решаваат стануваат реални проблеми кои го оневозможуваат нормалното функционирање на скопјани.

 

 

 

 

16.08.2018 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега