СДСМ: Мицкоски нема кредибилитет да говори на тема образование

СДСМ со писмено соопштение реагира на видео обраќањето на Христијан Микоски.

„Христијан Мицкоски, човекот кој бил асистент кај својот татко и претставник на криминалната ВМРО-ДПМНЕ која со години системски го уништуваше образование нема ама баш никаков кредибилитет да говори на оваа тема. Од толку професори Мицкоски станал асистент токму кај неговиот татко, професор на Машинскиот факултет. Дополнително, во сите книги и учебни помагала наведени во биографијата на Христијан Мицкоски како ко-автор е наведен токму неговиот татко“ се вели во соопштението.

Од партијата додаваат дека негрижата за образованието, експерименти со разно-разни програми, екстерни тестирања, понижување на наставниците и професорите, срушена автономија на универзитетите, ученици, студенти и родители под стрес, беше карактеристика токму за време на криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ.

„За клучни прашања за иднината на државата Мицкоски молчи и нема јасен став.

Оценката на Христијан Мицкоски е недоволен 1!

Во образованието сега се вовуваат сериозни реформи и крупни промени кои носат позитивен резултат, подобро и поквалитетно образование на среден и на долг рок“ се вели во реакцијата на СДСМ“, стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

15.08.2018 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега