ВМРО-ДПМНЕ: Дојде „живот" само за СДСМ, со еден потпис се откажаа од се македонско

Стерилните и исти прекопирани соопштенија на СДСМ не може да ја убедат јавноста дека Македонија ја чека светла иднина.

Напротив Иднината што СДСМ на Република Македонија ја понуди под „живот“ е иднина само за владините функционери кои секојдневно се вмешани во корупција и криминал. 

Парите на граѓаните од државната каса се излеваат и претураат во џебовите на власта преку „Криминални иновации”, „Крвави тендери”.

СДСМ понуди енормни задолжувања, смртоносна економија и некомпетентни политики кои ја осиромашија државата.

Со ваква „политика“ на власта во ЕУ и НАТО не се оди.

СДСМ Република Македонија не ја носи во ЕУ и НАТО, туку на македонските граѓани донесе штетен договор со кој ги продадоа националните и државните интереси.

СДСМ со еден потпис се откажа од идентитетот целосно загрозувајќи го институционалниот идентитет како еден од основните обележја од идентитетот на државата и македонскиот народ.

Нема граѓанин во Република Македонија кој не изрази разочарување за криминогеноста на власта. Тоа е показател колку е уназадена државата откако Заев и СДСМ се на власт.

Со СДСМ нема иднина за Република Македонија.
Граѓаните многу брзо ќе пресудат Зоран Заев, а Македонија ќе победи!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

15.08.2018 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега