СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прочитајте си го Договорот

ВМРО-ДПМНЕ да си го прочита договорот, Македонија не се брише а македонскиот идентитет ќе биде признаен од целиот свет.

Во Член 1 од Договорот, којшто е јавно достапен за секој граѓанин, јасно стои дека државјанството е „македонско“, а официјален јазик е „македонски јазик“. Во Договорот е појаснето значењето на терминот „македонски“ и се додава дека нема на кој било начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните.

Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската иднина се обезбедени еднаш засекогаш.

Македонскиот јазик станува еден од јазиците на НАТО, а по влезот на Македонија во ЕУ, ќе биде дел и од јазиците на Европската унија.

Што е тоа што на ВМРО-ДПМНЕ му пречи со признавањето на македонскиот идентитет од целиот свет?

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

 

 

 

14.08.2018 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега