СДСМ: Во здравството се работи одговорно и транспаретно

ВМРО-ДПМНЕ нема став за клучните прашања за иднината на државата и затоа шири лажни вести, во здравството се работи одговорно и транспарентно

ВМРО-ДПМНЕ деструктивно се однесува кон интересите на граѓаните, нема идеја, нема став за клучните прашања од интерес на државата и иднината. Затоа секојдневно во јавноста шири лажни вести кои немаат никаква врска со реалнота.

Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ допринесе да се распространи корупцијата до невидени размери. Но, тоа е минато. Македонија сега се движи во правец на одговороност, отчетност и почитување на законите и процедурите.

Владата предводена од СДСМ за една година стана најтранспаретна во регионот.

Здравството 11 години беше на колена поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од СДСМ започна процес на рехабилитација на здравствениот систем преку кој се унапредува здравствената заштита, правата на пациентите и статусот на медицинскиот персонал.

Вистината е дека Министерот за здравство нема ниту мандат ниту каква било поврзаност со јавните набавки за јавните установи, постапките се во целост децентрализирани.

Директорката не може да влијае во процесот на јавните набавки затоа што Управниот одбор на клиниката за хематологија со одлука и ги има одземено налдежностите. Затоа и претседателот на Управниот одбор на оваа клиника е овластен во процесот на јавни набавки, од страна на управниот одбор на Клиниката.

ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се работи транспарентно, одговорно и како се слуша гласот на граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

 

 

 

13.08.2018 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега