ВМРО-ДПМНЕ: Младите се најголемата жртва на лагите на СДСМ

Младите се најголемата жртва на лагите на СДСМ. СДСМ ветуваше брда и долини, инвестиции во образованието, подобрување на студентскиот стандард, грантови за млади и што ли уште не. Ништо од тоа не реализираа, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на пратеничката Ивана Туфегџиќ.

– Младинската гаранција со која се фалеше СДСМ е најголемата лага изречена кон младите. СДСМ на младите им ветуваше вработување, пракса или дообучување во првите четири месеци по завршување на своето образование, а гледаме дека ништо од тоа не е остварено.
Во ЕУ не се оди со криминал и корупција. Сведоци сме како грантови на Фондот за иновации и технолошки развој наместо кај млади претприемачи и истражувачи завршуваат кај партиските функционери од власта.
Македонија со СДСМ го достигна дното според можноста за напредок на младите, а тоа го потврди и Европскиот младински форум. Македонија се најде на 49 место и пред нас се и земјите од регионот како Србија, Бугарија, Албанија и Црна Гора.
Откако е СДСМ на власт бројот на млади лица кои си заминуваат од државава постојано расте. СДСМ нема капацитет и план како да го подобри животот на младите и да ги задржи во државава.

СДСМ ги понижи и ги остави без перспектива младите во Република Македонија. Младите се чувствуваат измамени и злоупотребени од СДСМ. Време е СДСМ и Заев да си заминат затоа што младите луѓе во Република Македонија заслужуваат подобро, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

13.08.2018 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега