Туфегџиќ: Младите ги знаат придобивките од членството во ЕУ и НАТО

„Македонско-грчкиот договор е историска, фер шанса која го отвора патот на Република Македонија кон ЕУ и НАТО со гарантиран македонски идентитет.

Младите во Македонија се најсилните поддржувачи на евроинтеграциските процеси.

 

Низ годините токму младите покажаа дека бараат активно учество во процесите на креирање политики, квалитетно образование и квалитетни работни места“, рече Ивана Туфегџиќ, пратеничка од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ.

„Токму затоа младите избираат Македонија да биде рамноправна во Европската Унија и НАТО.

Придобивките од ЕУ како високо образование без плаќање партиципација, мобилност, стекнување вештини за работни места како во земјите членки така и во нашата држава се вредностите кои ги обединуваат младите луѓе во Македонија.

Една од тие придобивки која младите во Македонија ја чувствуваат и денес е Еразмус Плус Програмата за која ЕУ одвојува буџет од 14 милијарди евра за над 4 милиони млади луѓе низ Европа, вклучително и Македонија за студирање на универзитетите ширум Европа, за обуки, за вештини и размена на добри искуства и практики, како и учење за различните култури и градење на заеднички европски вредности.

ЕУ значи модернизација на образовниот систем за подобри и поквалитетни работни места. Унијата активно вложува преку Европскиот Социјален Фонд за земјите членки на програмата за младинска невработеност, која е за регионите кои имаат стапка на младинска невработеност над 25%, во периодот од 2007 до 2013та биле вработени над 10 милиони Европејци.

Македонија е прва земја која не е членка на Европската Унија но која ја започна како пилот проект Младинската Гаранција која треба да овозможи можности за младите да стекнуваат вештини, знаења за да дојдат до работни места и таа веќе ги дава првите позитивни резултати. Членството во Унијата за младинската гаранција значи поголема достапност на средства за спроведување како и можност за размена на практики за обука.

Изборот овој пат не е за политичка опција. Крстопатот на кој се наоѓаме е помеѓу океан на можности или изолација.

Младите веќе еднаш го сопреа патот на изолацијата и бесперспективноста, оттука силно сум убедена дека во огромен број на референдумот младите ќе ја дадат поддршката за нивната просперитетна иднина“, изјави Ивана Туфегџиќ, пратеничка од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ.

 

 

 

13.08.2018 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега