СДСМ: Владата се бори против корупцијата, интензивно се работи на препораките на ГРЕКО

Забелешките во однос на корупцијата се должат на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кое придонесе корупцијата да се распространи до невидени размери, цели 11 години криминалот на режимот беше целосно под заштита од институциите на системот, реагираат од владејачкиот СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„За да се прикријат криминалот и корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ ја партизира дури и Комисијата за спречување на корупцијата. Граѓаните слушнаа од политичките бомби како Груевски и Јанакиески договараат милионски провизии само за еден пат. Фирмите на Белизе и шемите за даночниот рај за испумпување на парите на граѓаните и богатење на фамилијата беа синоним за криминалот и корупцијата цели 11 години“, се вели во партиското соопштение.


Препораките од ГРЕКО се стари повеќе од 4 години, посочуваат од СДСМ во соопштението и додаваат дека за само една година Владата спровела три препораки.

Интензивно се работи на препораките на ГРЕКО, велат од СДСМ, и посочуваат дека некои од оние препораки, кои се во надлежност на Владата, се исполнети, други се во фаза на исполнување и ќе се имплементираат како што е посочено.

 

 

 

13.08.2018 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега