ВМРО-ДПМНЕ: Иднината која ја нуди СДСМ веќе ја видовме

Иднината која ја нуди СДСМ веќе ја видовме, таа се вика криминал, хедонизам и аболицирани политичари.Иднината за која збори СДСМ се криминални иновации каде народни пари се претураат во фирмите на вицепремиерот, пратеници од власта, советници на премиерот. Иднината која ја нуди СДСМ се крвави тендери во здравството тешки десетици милиони евра, државни бизниси за семејството на премиерот и неговите роднини, хедонизам изразен во прошетки на ручеци со државни армиски хелихоптери, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, иднината која ја нуди СДСМ се вика криминал, очај и апатија. ,,СДСМ не ја однесе државата во ЕУ и има само условена покана за НАТО, но затоа донесе штетен договор за името со кое се гази достоинството, честа но и идентитетот на нашата земја и народ. Растечката корупција е нотирана и од Европската Унија. Нема сомневање дека криминалци ја водат државата. Со Зоран Заев и неговите луѓе нема иднина Македонија”, се додава во соопштението.

 

 

 

12.08.2018 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега