ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прифати промена на името за севкупна употреба, јазикот и идентитетот

Секојдневните прес конференции за правдање на капитулантскиот договор за промена на името, неможат и нема  да го сменат фактот дека СДСМ го потпиша најштетниот договор за Република Македонија во нашата современа историја како држава, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со прес конференцијата на Славица Шуманска- Митева од СДСМ

-СДСМ прифати промена на името за севкупна употреба, јазикот и идентитетот. СДСМ ја понижи државата. ВМРО-ДПМНЕ води грижа за интересот на граѓаните на Република Македонија и така и ќе  остане. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде оправдување за антидржавните политики на Зоран Заев и криминалниот картел во врвот на власта. Граѓаните знаат дека европска иднина  нема со криминал и корупција.  Во ЕУ не  се оди со  службените џипови на институциите за превоз на членовите на семејствата на функционерите низ летувалиштата  во регионот. Во  ЕУ  не се делат тендери на Вицепремиери, ниту пак фондовите за иновации се користат  како средство за финансирање на функционерите од власта и нивните роднини. СДСМ не ја води државата кон ЕУ, СДСМ ја втурнува  државата во криминал и корупција од невидени размери. СДСМ неможе да ја прикрие нивната криминогеност. За криминалот, корупцијата и распродажбата на државните интереси нема оправдување. СДСМ  мора да си замине од власт, се потенцира во реакцијата од партијата.

 

 

 

11.08.2018 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега