„Демократи“ е нова партија на политичката сцена

Денеска во Скопје се одржува основачко собрание на новата политичка партија „Демократи“. Пред членовите ќе се обрати иницијаторот за основање на партијата, Јорго Огненовски за кој се очекува да биде лидер на партијата. 

На собранието ќе бидат формирани органите на партијата и ќе бидат избрани претседател, генерален секретар и членови на највисоките партиски органи.

Огненовски е познат македонски каратист , кој голем дел од животот го поминал во Америка.

На минатогодишните локални избори беше независен кандидат за градоначалник на Битола.

Како што самиот вели, негова цел е граѓански пристап и концепт на решавање на проблемите, искоренување на криминалот и корупцијата, подобрување на условите во спортот.

Од партијата велат дека нема да им сугерираат на своите симпатизери дали да гласаат на референдумот или не. Се залагаат за почитување на основните човекови права, меѓу кои и гласање и изјаснување на избори или референдуми, и почитување на волјата на граѓаните.

 

 

 

 

11.08.2018 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега