Вратен стариот сјај на црквата „Сите Светии“

 

Целосно е конзервирана и реставрирана црквата „Сите Светии“ лоцирана во манастирскиот комплекс во село Лешани во областа Долна Дебарца, Охридско.

Проектот кој е финансиран од Министерството за култура, се одвиваше во пет фази и опфати заштитно-конзерваторски работи на архитектурата на црквата заради намалување на негативните влијанија на влагата во и околу објектот, како и санација на археолошките ѕидови. Конзервација беше извршена и на фрескоживописот кој поради влагата во изминатиот период беше доведен во сериозна опасност. Исчистени се и сите нечистотии и извршено е ретуширање на оштетениот слој.

„Сите Светии“ е изградена во 15 век и е мала еднокорабна градба ѕидана од кршен камен и бигор. 

18.09.2013 - 12:37
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега