Арсовски: Приведувањето на Јакимовски одмазда кон политичките неистомисленици

Република Македонија е единствена држава во Европа каде што се апсат и притвораат пратеници на опозицијата, без никаква основа, спротивно на Уставот и законите, потенцираше на прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски.

-Вчерашното приведување на лидерот на политичката партија ГРОМ, господинот Стевче Јакимовски не е ништо друго, освен одмазда кон политичките неистомисленици и обид за прикривање на актуелните скандали во кои се живи фатени.Приведувањето на лидерот на ГРОМ, господинот Стевче Јакимовски е политичка конструкција со која што Зоран Заев сака да испрати порака дека органите на прогонот се негови инструменти и дека без разлика на доказите и правдата, секој може да биде мета на политички прогон, доколку јавно се осудил да го посочува криминалот на Заев и кликата околу него.Јакимовски не се плашеше да обелодени дека Зоран Заев на ливче му побарал 250.000 евра. Јакимовски не се плашеше јавно да говори за заканите кои СДСМ му ги упатуваше откако одлучи да се кандидира за градоначалник надвор од партијата на Заев, потенцираше Арсовски и додаде:

„За жал во Македонија нема независно обвинителство и судство. Наместо истрага за криминалите на Заев, гледаме политички спектакли и приведувања.ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува злоупотребата на државните институции за пресметка со политичките неистомисленици. ВМРО-ДПМНЕ бара да се почитуваат законите и европските стандарди и да запрат политички монтираните случаи. Сите оние кои се ставиле на страна на криминалниот картел во власта и слепо извршуваат политички наредби, имаат и своја индивидуална одговорност. Нивните постапки ќе бидат детално испитани откако Зоран Заев ќе замине од власт. Откако ќе се врати правната држава ќе има одговорност за сите оние кои постапувале надвор од овластувањата и спротивно на законот. Зоран Заев, СДСМ и нивните извршители треба да знаат дека ваквото нивно дивеење е знак на слабост и нема да може да го заплашат народот, ниту пак да ги замолкнат граѓаните кои се погласно се спротивставуваат на нивните антидржавни политики. Ова не е демократија и ова не се стандарди кои не водат кон Европската Унија. Ова е обид на една криминогена структура да владее со страв.“

 

 

 

08.08.2018 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега