СДСМ: Поплавите кои однесоа голем број човечки жртви се случија поради неодговорност на ВМРО-ДПМНЕ

Бесрамно, изгубената ВМРО ДПМНЕ предлага споменици за жртвите од поплавите, а не презеде ништо за таква кастрофа да не се случи, обвинуваат од СДСМ.

Како што наведуваат во своето соопштение, изгубената ВМРО-ДПМНЕ, две години по катастрофалните поплави во општина Гази Баба кои одзедоа 24 човечки животи, бесрамно предлага споменик за оние што ги загубија животите а не презеде ништо таквата кастрофа да не се случи.

Многу човечки животи можеа да се спасат доколку се презедеа превентивни мерки за одржување на ободниот канал за одводнување, сметаат од партијата.

„Немаше да се случи толкава катастрофа и ќе се спасеа човечки животи доколку не беа запоставени каналиите и речните корита, доколку соодветно реагираа институциите кога веќе се случи поплавата, наместо граѓаните да бидат оставени сами на себе.

Невремето не можеше да се спречи, но поплавите кои однесоа голем број човечки жртви се случија поради неодговорност на првите луѓе во градот Скопје, општината, и државните институции, тогаш сите предводени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е факт.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски заглавена во криминални шеми за богатење на фамилијата не инвестираше во инфраструктурата и целосно погрешно дејствуваше за време на поплавите. Граѓаните беа оставени сами на себе.

Денеска, по промените, каналите и каналните мрежи се чисти, саниран е страчинскиот канал, се санира и другата инфраструктура, општината и надлежните министерства преземаат мерки за нов ободен канал над северната заобиколница со што трајно ќе се реши проблемот со поројните води.

СДСМ презема одговорност, никогаш да не се повтори институциите да не делуваат за заштита пред поплавите, да не се случи недостаток на инвестиции во инфраструктурата, да не се случи каналите да бидат неисчистени, да нема погрешно дејствување за време на поплава“, стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

06.08.2018 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега