ДУИ удри по Таравари: Тендерот за Аква Паркот бил однапред договорен

Гостиварскиот огранок на ДУИ ја обвини актуелната гарнитура на локалната самоуправа дека манипулира со јавните набавки, дека последниот тендер за избор на предлог проект за аква-парк бил однапред договорен.

–  Тендерот за изработка на идејно решение за Аква парк во Гостивар го доби фирма која го претходно го подготвила проектот, односно  пред да биде објавен огласот.  Во документацијата која е доставена јасно се гледаат фотографии што се направени во зимскиот период, а огласот за набавката е објавен во мај, стои во соопштението.

Таравари овие обвинувања ги смета за нерагументирани и упати јавен повик до граѓаните да пријават неправилности.

– Тендерот за Аква паркот беше за изработка на идејно решение, не за изградба на паркот. Изборот го направи комисија, а не јас. Знам дека најдобриот проект е на реномирана фирма од Скопје. И другите два проекти кои беа на автори од Гостивар беа одлични, но имаа недостатоци. изјави градоначалникот Таравари.

 

 

 

06.08.2018 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега