Мицкоски на средба со Пратеникот во Германскиот Бундестаг, Волкмар Клајн

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски вечерва во Скопје оствари работна вечера  со Пратеникот во Германскиот Бундестаг од Партијата ЦДУ, Волкмар Клајн.

Во текот на средбата беа нагласени добрите односи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ. Соговорниците се согласија дека е потребно понатамошно развивање на меѓусебните односи со цел афирмација на взаемните идеолошки вредности.

Мицкоски ги елаборираше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со стратешките надворешно- политички приоритети на партијата.

 

 

 

01.08.2018 - 23:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега