ЛДП: Го поддржуваме референдумот и очекуваме граѓаните масовно да излезат на гласање

Либерелно-демократската партија има јасен и недвосмислен став за поддршка на претстојниот референдум  и затоа ги повикуваме граѓаните заедно да одлучиме за нашата иднина и да излеземе и да гласаме, велат од ЛДП преку соопштение.

„Пред нас е историски момент од кој зависи иднината на Република Македонија. Во овие моменти најважно е да се сплотиме и заеднички  да се гордееме, бидејќи како држава  немаме  друга алтернатива освен ЕУ и НАТО.

Затоа ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на референдумот и да одлучат за својата иднина“, пишуваат од партијата.

Тие сметаат дека за вакво прашање, политичките партии не треба да тактизираат и да се премислуват дали да се излезе на гласање или не, собирајќи ефтини политички поени. 

„За сите нас Македонија е заедничка држава  без оглед на религијата, етничката припадност, политичката определба и сите ние треба да одлучиме во каква држава ќе живееме.

Либерално-демократската партија е категорична дека одлуката на граѓаните е обрзувачка и единствено исправна!

Се обраќаме  до сите граѓани на Македонија, да го поддржат референдумот и референдумското прашање како врвен демократски инструмент за изразување на волјата на граѓаните.

Имаме  историска шанса за напредок, како Македонци и со нашиот македонски јазик и идентитет, да станеме дел од семејствата на ЕУ и НАТО.

Имаме обврска пред сегашните и идните генерации да овозможиме сигурна и економски просперитетна држава“, стои во соопштението од партијата.

 

 

 

 

01.08.2018 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега