ВМРО-ДПМНЕ: Ако пропадне референдумот граѓаните чекаат оставка од Заев

Ако пропадне референдумот Заев да си поднесе оставка побара денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ

 

„Срамно е поистоветувањето на историскиот референдум од 1991 година со приватниот референдум што Заев си го распишува сега. Тогаш сите политички партии постигнаа консензус за референдумот, а граѓаните одлучуваа за независна Република Македонија. Сега ниту има консензус, а се бара граѓаните да гласаат за бришење на Република Македонија, на нејзината традиција, историја и култура.

Референдумот од 1991 година со декларацијата за независност стана обврзувачки, каков што Заев ветуваше дека ќе биде и овој референдум, но на крај го погази зборот по кој знае кој пат и исплашен од волјата на граѓаните одлучи истиот да биде консултативен.

Заев, доста ги манипулирате и лажете граѓаните. Доколку референдумот не успее тие очекуваат да си заминете од политиката, онака како што ветивте, а не да си смислувате автентични толкувања и одговорноста за реализација на капитулантскиот договор да ја префрлате на институциите.

 

Зоран Заев, вие сте единствени тие што ја попречуваат подобрата иднина на нашите граѓани. Вашето владеење е синоним за корупција, криминал, неспособност и брутална партизација на институциите и на судството. Што побргу си заминете, толку подобро и за државата и за граѓаните.“ – изјави Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

 

 

 

31.07.2018 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега