СДСМ: Започнат процес на рехабилитација на здравството кое беше уништувано од ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ започна процес на рехабилитација на здравството коешто 11 години беше уништувано од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Здравството 11 години беше на колена поради погубните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто 11 години ги погазуваше правата на пациентите и го потценуваше трудот на лекарите“, велат од СДСМ како реакција на ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека „СДСМ го донесе македонското здравство до состојба на кома“.

„Владата предводена од СДСМ започна процес на рехабилитација на здравствениот систем преку кој се унапредува здравствената заштита, правата на пациентите и статусот на медицинскиот персонал. За нешто повеќе од една година се донесе реален и одржлив план за изградба на нов Клинички центар, стапката на смртност кај новороденчињата е намалена, а се обезбедија и повисоки надоместоци за дежурства за лекарите“ - потенцираат од СДСМ.

Од партијата велат дека „Донесена е одлука за укинување на здравствена партиципација за децата од семејства коишто се корисници на социјална помош. Намален е бројот на директори со што се прави значително намалување на трошоците преку укинување на платите на организациските директори во 40 здравствени установи. Преку домаќинското и одговорно работење и направените заштеди, за очекување е веќе од наредната година да се воведе бесплатното болничко лекување“.

 

 

 

29.07.2018 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега