СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ може да ги врати само парите што ги украде, правдата е одамна вратена

 

ВМРО-ДПМНЕ може да ги врати и ќе ги врати единствено милијардите евра што ги украде од граѓаните за време на 11 годишниот грабеж што го правеше врз државата, правдата и неселективното владеење на правото се одамна вратени, пишуваат во соопштение денсеска од СДСМ.

„Нема поголема иронија од тоа ВМРО-ДПМНЕ најкриминалната партија во историјата на Македонија, партијата симбол на грабеж, корупција и неправда да бара правда и владеење на правото.Опозициската ВМРО-ДПМНЕ воопшто да не се грижи, правдата е вратена, одговараат сите што го прекршиле законот, а парите се враќаат назад во Буџетот. Доказ за тоа е пресудата против поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и пресудата против бизнис партнерот на Груевски, Сеад Кочан кој ќе врати незаконски стекнати 17 милиони евра назад во Буџетот“ се вели во соопштението.

Оттаму велат дека правдата се врати во Македонија и ќе ги стигне сите кои се огрешиле пред законите.

„Амнестија за сторениот криминал нема да има за никого. Нема повеќе заштита на криминалот, нема повеќе пљачкања под превезот на лажен патриотизам. ВМРО-ДПМНЕ и криминалните групи околу него треба да знаат дека освен одговорност, секој денар украден од граѓаните ќе биде вратен назад во Буџетот.Колку и тоа да не му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ, денес законите важат за сите подеднакво и секој кој постапувал незаконски се соочува со одговорноста“ наведуваат во своето соопштение од СДСМ.

 

 

 

28.07.2018 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега