Цуклев: Залудно се трудите проектите на ВМРО-ДПМНЕ да ги препишете како свои, граѓаните знаат кој колку работи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ  Драган Цуклев, на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, постави три прашања, од кои две до премиерот на владата Зоран Заев и едно до министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

Според него, владата на Заев нема свои проекти, па мора да ги прикажува проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ како свои.

-Коњска брана се гради повеќе од една година и според динамичниот план на реализација има физичка прогресија на  градба некаде од 30 проценти а вие во саботата бевте во посета на Коњско и означивте почеток на градба. Според нив значи наместо три години или крај на 2019 целосна реализација на проектот, по она што го кажувате вие дека сега почнува да се гради Коњска брана тие се планираат дека за една година вие му го продолживте рокот на градба и за нив рок на градба ќе биде крај на 2020 година, рече Цуклев.

Тој му порача на Заев дека попусто се обидува да ги прикаже проектите започнати во  време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи граѓаните знаат кој го започнал овој проект.

Цуклев побара од Заев да му каже што планира со капиталните инвестиции, посочувајќи дека излитени се неговите фрази дека нискогрдбата, автопатот Кичево – Охрид се главни причина за нискиот процент на реализација на капиталните инвестиции и лошиот економски раст.

-Имаме катастрофална состојба кое во прашање градежништвото во Република Македонија, што значи дека не се гради, не градат ниту општините, не се инвестира, немаат инвестициони зафати компаниите што значи компаниите, населението апстенираат од нови инвестиции во инфраструктура, вели Цуклев.

За второто прашање Цуклев го нагласи скандалот кој минатата недела се случи за доделување на пари од Фондот за иновации на фирми и компании на високи владини претставници од СДСМ. Тој му порача на Заев да го поништи овој оглас бидејќи има низа на нерегуларности.

Трето прашање кое беше поставено за министерот за земјоделие Љупчо Николовски се однесуваше за лошата земјоделска година, нотирајќи дека министерот не презема ништо за да се надминат проблемите на земјоделците.

-Колку и да не убедувате тука дека откупот на бостанот оди идеално, се џабе. Пропаднаа праските, пропадна бостанот. Тешко на сите оние кои што сега ќе им биде проблем пласманот на грозјето, тешко на оние кои што својот пласман го планираа на Косовскиот пазар, а вие како министер ништо не преземавте за да се надмине тој проблем и да ве прашам од каде се парите со кои што го плативте бостанот и транспортот на бостанот кој што го делевте на повеќе локации во Република Македонија, праша Цуклев.

 

 

 

26.07.2018 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега