Вицепремиерот Османи се сретна со кинескиот амбасадор Ликсиан

Економската и техничката соработка преку договорите на годишно ниво, беа во фокусот на денешната средба на вицепремиерот Бујар Османи со амбасадорот на Народна Република Кина Јин Ликсиан.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посебен акцент беше ставен на програмските активности од Договорот потпишан во декември лани со кој се обезбедени неповратни финансиски средства од кинеската влада за поддршка на проекти во Република Македонија, при што примарен приоритет ќе биде даден на секторот здравство.

- Преку оваа соработка, не само што се поддржуваат развојните цели на нашата држава, туку се унапредува и севкупната соработка помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина, што е важен сегмент во продлабочувањето на нашите меѓусебни односи, рече Османи.

Тој изрази благодарност што покрај инфраструктурните проекти, тековно се спроведуваат и билатерални семинари во Кина за претставници од националните институции, во насока на зајакнување на човечките ресурси во администрацијата.

Вицепремиерот Османи изрази благодарност и за поддршката што Кина во овој период, клучен за нашата земја, кога партнерството и помошта од најблиските билатерални партнери е од огромно значење. 

 

 

 

26.07.2018 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега