ВМРО - ДПМНЕ: Оваа ненародна власт ќе падне, народот и Македонија ќе победат, а судството ќе се ослободи од канџите на Заев

Единствените кои ја кочат Македонија и ја загрозуваат иднината на граѓаните се Зоран Заев и криминалниот картел на СДСМ, велат во своето соопштение од ВМРО - ДПМНЕ.

„Тие зад превезот на штетниот договор со Грција вршат беспоштеден грабеж на државата. Само во случајот со криминалната поделба на Фондот за иновации и Крвавиот тендер на министерството за здравство се фатени на дело како крадат 45 милиони евра народни пари. За овој криминал и за стотиците други случаи на скандалозни, матни и криминални зделки на оваа власт многу скоро ќе има и одговорност“ наведуваат од паријата.

 

Од ВМРО неведуваат дека доколку СДСМ мислат дека го имаат судството и обвинителството во свои раце, па ќе ги ослободува,  како во случајот со градоначалникот на Ново Село, Боро „Марлборо“ Стојчев, многу се лажат.

„Оваа ненародна власт ќе падне, народот и Македонија ќе победат, а судството ќе се ослободи од канџите на Заев и СДСМ и за секој криминал оваа власт ќе плати и ќе одговара“ велат во своето соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

26.07.2018 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега